DIABETgene – Одредување генетска предиспозиција и ризик од појава на Дијабет тип 1
DIABETgene – Одредување генетска предиспозиција и ризик од појава на Дијабет тип 1
цена 6850
ЗА ТЕСТОТ:
Дијабетес мелитус тип 1 е најчеста форма на дијабетес кај децата и младите возрасни. Тоа е заболување кое влијае на способноста на организмот да ја претвори гликозата од храната во енергија. Во повеќето случаи, дијабетесот тип 1 се развива рано во животот и често се дијагностицира за време на детството.
🧬Генетската предиспозиција има многу важна улога во етиологијата на дијабет тип 1. Со одредување на одредени гени, може да се одреди каква е генетската предиспозиција и колкава е вeројатноста лицето да развие дијабет тип 1 .
Овој тест може да биде корисна алатка за идентификација на деца и тинејџери, кои имаат ризик за развој на дијабет тип 1, со цел да се направи добар план за следење на нивната состојба.
Освен тоа, со тестот не само што се прави и стратификација на ризик (среден или висок ризик), туку истиот дава и информација дали постои генетска комбинација која има „заштитнa” улога на организмот од појава на болеста.
Потребен примерок: крв
Издавање резултати: 1 работен ден
Без закажан термин, достапна во сите лаборатории на Авицена Лабораторија