fbpx

Free T3

Free T3

цена 700

За тестот:

Тријодтиронин (Т3) е хормон кој се создава и лачи од тироидната жлезда и се
формира со периферна дејодинација на Т4. Има важна улога во регулација на
метаболизмот. Во циркулацијата, 99.7% од Т3 се наоѓа реверзибилно врзан за
транспортни протеини. Неврзаниот, слободниот Т3 е метаболички активен.
Како тест, се користи да се провери дали тироидната жлезда функционира
правилно. Примарно, тој се врши при сомнеж за хипертиреоидизам, а се
употребува исто така и за следење на евентуална прогресија кај пациенти со
веќе познато тироидно заболување. FT3 обично се прави после абнормален
резултат за TSH и FT4 , а исто така и заедно со тестовите за тироидни антитела во дијагнозата
на Graves-ова болест.

Потребен примерок:

Венска крв