fbpx

Гликоза во серум/урина

Гликоза во серум/урина

цена 120

За тестот:

Tест за одредување на концентрација на глукоза урина, за дијагноза и следење на терапија кај лица со дијабетес мелитус, како и за детекција на неонатална хипогликемија, да се исклучи постоењето на карцином на панкреас, како и за проценка на јаглехидратниот метаболизам при различни заболувања.

Примерок:

Урина

Подготовка пред земање примерок:

За преглед на урината неопходно е да се земе, после лична хигиена ( тоалета со топла вода и сапун ), првата утринска урина ( среден млаз ) во стерилен сад и во најкраток
можен рок да се донесе во лабараторија. Ако не сте во можност да дојдете веднаш, урината може да се држи во фрижидер некое време. Прегледот на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.

Забелешка:

Дијабетесот (шеќерна болест) е еден од најчестите заболувања на ендокриниот систем, кој ги вклучува и двата пола подеднакво. Познато е дека секој втор пациент не знае дека е болен долго време и нe чувствува никакви промени.. Хроничните компликации започнуваат многу порано пред појавата на видливите симптоми. Покачениот шеќер во
крвта (хипергликемија) е главниот дијагностички показател за дијабетес. Нерегулираниот шеќер во крвта остава трајни ефекти врз многу органи, па затоа е многу
важно раното откривање на абнормалните концентрации.