fbpx

Микроалбумин (урина)

Микроалбумин

цена 490

За тестот:

Испитувањето на микроалбумин во урина се користи за следење на пациенти со дијабетес, висок крвен притисок, како и за откривање на можни оштетувања на бубрезите предизвикани од овие заболувања.

Примерок:

Урина

Подготовка пред земање примерок:

За преглед на урината неопходно е да се земе, после лична хигиена ( тоалета со топла вода и сапун ), првата утринска урина ( среден млаз ) во стерилен сад и во најкраток можен рок да се донесе во лабараторија. Ако не сте во можност да дојдете веднаш, урината може да се држи во фрижидер некое време. Прегледот на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.