fbpx

ОСНОВЕН ПАКЕТ

ОСНОВЕН ПАКЕТ

цена 320

За тестот:

Основна рутинска крвна анализа и анализа на урина, за одредување на општиот здравствен статус, за скрининг, дијагноза или за следење на различни болести и состојби:

– крвна слика со диференцијална,
– седиментација на еритроцити,
– хемоглобин,
– хематокрит,
– уринарен статус со седимент,
– глукоза во серум (гликемија),
– вкупен холестерол,
– триглицериди,
– уреа во серум,
– креатинин во серум

Примерок:

Венска или капиларна крв и урина

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.

За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности ). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.

За преглед на урината неопходно е да се земе, после лична хигиена (тоалета со топла вода и сапун), првата утринска урина (среден млаз) во стерилен сад и во најкраток можен рок да се донесе во лабараторија. Ако не сте во можност да дојдете веднаш, урината може да се држи во фрижидер некое време. Прегледот на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.