fbpx

PreSENTIA – гинеколошки панел за детекција на наследни видови рак на дојка, матка и јајници

PreSENTIA – гинеколошки панел за детекција на наследни видови рак на дојка, матка и јајници

цена 29500

за тестот:

“Presentia” – Генетски панели за детекција на мутации кои предизвикуваат наследни видови рак на дојка, јајници и рак на матка. Тестотвите претставуваат револуционерно решение за предвидување ризик од рак како и помагаат на оние пациенти кои веќе се дијагностицирани со болеста, да ја дознаат причината за појава на ваквата состојба.

PreSENTIA претставува портфолио панели за тестирање наследен канцер. Секој панел се фокусира на посебна група гени што ги одредуваат вашите шанси за развој на рак во иднина. Генетските промени (мутации) во гените што предизвикуваат рак може да се пренесат на децата од нивните родители.

Зошто PreSENTIA?

  • Се врши процена на клинички важните генетски мутации
  • Кратко време на обработка на биолошкиот материјал
  • Безбеден и лесен тест
  • Благодарејќи на тоа што се фокусира само на тестираните генетски промени, PreSENTIA е точен и прецизен.

Панелите PreSENTIA се користат за тестирање многубројни генетски промени што се одговорни за предизвикување наследни канцери. Доколку пациентите сакаат да дознаат повеќе за нивниот ризик за развивање канцер или ако веќе пациентот бил дијагностициран канцер и сака да знае дали канцерот е наследен, PreSENTIA може да помогне.

PreSENTIA може потенцијално да ги идентификува генетските промени што би предизвикале канцер. Тоа има голем број придобивки во однос на планирањето, прогнозата и носењето подобри одлуки за третманот на болеста:

  • Насочено следење на канцерот – препорачани тестови за скрининг во клучни временски интервали со цел рана детекција на канцерот, кога третманот е далеку поделотворен
  • Спречување на канцерот со преземање профилактички мерки
  • Добивање корисни информации за членовите од семејството што би можеле да ја носат истата генетска мутација
  • Подобрена класификација на болеста со цел подобро клиничко справување со болеста
  • Медикаментозна терапија (хемопревенција), каде што е можно

PreSENTIA Панел 1: РАК НА ДОЈКА, МАТКА И ЈАЈНИЦИ

PreSENTIA панелот за рак на дојка/гинеколошки видови рак врши тестирање на многубројни мутации на гените кои во иднина би можеле да предизвикаат рак на дојка, јајници или на матка. Со рана детекција на овие мутации PreSENTIA им помага на пациентите да донесат подобри и по информирани одлуки во врска со своето здравје.

За кого е овој тест?

  • Пациенти кои имаат неколку членови на семејството болни од рак
  • Членови на семејството со ран почеток на рак
  • Членови на семејството со ретки видови на рак
  • Член на семејството со повеќе видови на рак
  • Член на семејството на кој му е дијагностицирана мутација поврзана со рак на јајници, матка или гради
  • Лична историја на претходни малигни заболувања

Цена: 29.500 денари.

Издавање резултати: 2 – 4 СЕДМИЦИ

ПОТРЕБЕН ПРИМЕРОК: БУКАЛЕН БРИС (брис од уста).