fbpx

Седиментација – SE (Sedimentacija)

Седиментација на еритроцити

цена 120

За тестот:

Одредување на брзина на таложење на еритроцити под дејство на земјина гравитација. При инфламација (воспаление), со зголемување на концентрацијата на фибриногенот и другите протеини на акутна фаза, доаѓа до побрзо таложење на еритроцитите, па се добива зголемена седиментација.

Примерок:

Венска или капиларна крв.

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.

За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности ). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.