fbpx

Трансферин – Transferrin 

Трансферин – Transferrin 

цена 840

За тестот:

Заедно со TIBC, трансферинот е еден од маркерите за анемија (или
преоптоварување со железо). Меѓу другото, тој е протеин кој се намалува при
различни инфаламаторни процеси, хронични инфекции, малигни заболувања.

Примерок:

Венска или капиларна крв.

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која
подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот
оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред
земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол,
липиди, протеини, железо и други метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба
да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно
целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности
). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска
терапија и др.

Забелешка:

Трансферинот е плазматски протеин и е главен пренесувач на железото во
организмот. Трансферинот, еден дел од железото го предава на коскената срж, па
во еритробластите се создава хемоглобин, а другиот дел од железото го предава на
ткивата, каде се складира како феритин.