Во текот на изминатите години,Авицена Лабораторија изгради имиџ на професионална и успешна лабораторија, која остава значаен белег во сферата на лабораториската дијагностика.
За успехот на Авицена Лабораторија освен професионалната работа и посветеноста на стручниот тим, од клучно значење се и професионалната и успешна соработка и поддршката од нашите партнери.
Во пресрет на новогодинешните празници, на 16.12.14 година Авицена Лабораторија организираше коктел во Александар Палас на кој беа присутни повеќе од 200 наши пријатели и соработници, како одлична можност за заедничко дружење и забава.
