fbpx

Авицена Лабораторија повторно беше дел од најмасовната хуманитарна донаторска акција ,,Нахрани 10.000″

И оваа година Авицена Лабораторија беше дел од најголемата донаторска акција „Нахрани 10.000“ организирана од страна на “Сите сити” и асоцијацијата Ајде Македонија.

Веќе трета година по ред донираме прехрамбени производи наменети за најранливите категории на граѓани. Им благодариме на “Сите сити” и “Ајде Македонија” на можноста да бидеме дел од една ваква иницијатива и ги предизвикуваме сите хумани граѓани и компании да се приклучат.