fbpx

Авицена Лабораторија со учество на 24-от Симпозиум на ЗЛОМ- СМ со меѓународно учество

Почитувани,

задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена Лабораторија учествуваше на 24-от Симпозиум на Здружението на лекари по општа/ семејна медицина на Македонија со меѓународно учество и одбележување на Јубилејот “70 години од постоење на Здружението”. Овој настан се одржа во периодот од 2-4 Ноември 2017 год. во хотелот Александар Палас во Скопје.

Авицена Лабораторија учествуваше со изложбен штанд на кој сите присутни имаа можност да се запознаат со најновите дијагностички тестови и методи насочени за превенција, унапредување на здравјето и навремено дијагностицирање на различни заболувања.