fbpx

Авицена Лабораторија со учество на 24-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација

Тимот на Авицена Лабораторија учествуваше на 24-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација и 4-та Aлбанска Национална Конференција за Клиничка Биохемија и Лабораториска Медицина, која ќе се одржа од 5-7 октомври, 2016 година во Тирана, Албанија.

Конгресот беше одлична можност да се научат и разменат сите нови достигнувања во областа на биохемиската дејност, нејзиниот напредок, стандардизација и контрола на квалитет.

На конгресот свои предавања за најновите достигнувања во областа на лабораториската дејност имаа еминентни професори од областа на клиничката биохемија од преку 20 земји. Др. Пецко Десоски, кој е дел од тимот на Авицена Лабораторија, имаше свое излагање во вид на презентација на тема „Practical implementation of Vitamin D immunoassay – advantages and disadvantages“.

Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кои ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.