fbpx

Авицена Лабораторија со учество на ECCMID 2018

Tрадиционално, како и секоја година, дел од тимот на Авицена Лабораторија учествуваше на 28-миот Европски Конгрес за Клиничка Микробиологија и Инфективни Заболувања – ECCMID 2018, кој се одржа во периодот од 21-24ти Април во Мадрид, Шпанија.

Во рамките на Конгресот, д-р спец. Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, шеф на микробиолошката лабораторија во Авицена Лабораторија имаше активно учество со постер презентација на тема „GENETIC DISTRIBUTION OF HIGH AND LOW-RISK HPV TYPES IN WOMEN IN REPRODUCTIVE PERIOD “.

Со рекордна посетеност досега, над 12.000 учесници од 125 земји, повеќе од 800 презентации, над 20 едукативни работилници, овој настан преставуваше одлична можност за споделување на досегашните, но и за запознавање со нови трендови и достигнувања во клиничката и индустриската микробиологија.

Тимот на Авицена Лабораторија имаше можност да ужива и во културното и историско богатство на Мадрид.