fbpx

Авицена Лабораторија (Тафталиџе) со три дополнителни пунктови на отворено за земање на примерок (брис) за COVID-19

Со цел побрзо да одговориме на барањата на нашите клиенти во Авицена Лабораторија во Скопје, населба Тафталиџе се отворени три дополнителни пунктови на отворено за земање на примерок (брис) за COVID-19 во склоп на самата лабораторија.

Со овие пунктови се зголемува капацитетот за земање на примероци во лабораторијата, се намалува времето за чекање, а се овозможува клиентите да изберат да го направат тестот на отворено преку некој од пултовите, или во просториите на самата лабораторија. 

Останатите простории внатре во лабораторијата остануваат во функција и се достапни за молекуларен PCR тест и за сите останати лабораториски анализи кои им се потребни на пациентите.

Закажувањето на термин се врши преку телефонските линии: 071/278-529, 078/218-731, 071/269-623 и 072/319-850