fbpx

Авицена зема активно учество на работен семинар на тема „ Даунов синдром-македонска приказна со свои предизвици’’

Авицена Лабораторија зема активно учество на работниот семинар на тема „ Даунов синдром – македонска приказна со свои предизвици’’, кој се одржа на 13 и 14 декември 2013 во Хотел ‘‘ Порта ’’ во Скопје.

Првиот работен семинар за Даунов Синдром се одржа во организација на Центарот за Даунов синдром.

Целта на состанокот беше актуелизирање на потребите, состојбата и положбата на лицата со Даунов синдром во општеството.

Беше дискутирано за најновите сознанија од областа на раната дијагноза на овој синдром рано во бременоста, како и можностите за терапија во иднина.

На овој настан, Авицена Лабораторија даде свој придонес со предавање за PRISCA – метод за ран неинвазивен скрининг за хромозомопатии рано во бременоcта.