fbpx

Бесплатен тест за проверка на IgG (Spike protein) антитела

❗Промоцијата е завршена

Поради зголемениот интерес од страна на нашите пациенти сакаме да ве информираме дека промоцијата за бесплатен тест за одредување неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2 (антитела кон S-spike протеинот) е продолжена до 15.7.2021 година. Со секој направен молекуларен PCR тест за COVID-19 во периодот од 17.6.2021 до 15.7.2021 следува бесплатна проверка на неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2 (антитела кон S-spike протеинот) од реномираниот производител SIEMENS.


Ова е високосензитивен тест што дава информација за имунолошкиот одговор на организмот по контакт со вирусот, односно по спроведена вакцинација. Тестот се работи со комплетно автоматски имунолошки анализатор, има исклучително висока специфичност од 99,9% и има докажана силна корелација со класичните тестови за неутрализација на вирусот.


Бесплатната проверка може да се искористи секој работен ден на нашите лаборатории освен недела. Тестот за проверка на антитела може да се искористи во истиот термин кога ќе го направите вашиот PCR тест или било кој термин до 15.7.2021 година.