fbpx

Генетски тест за ризик кон целијакија

Целијачната болест е автоимуно заболување (наречена уште и ентеропатија), која се карактеризира со нетолеранција на глутен. Се дефинира и како мултифакторна болест со силна генетска компонента.
Генетската подложност кон целијачна болест вклучува присуство на HLA-DQ2 / HLA-DQ8 хетеродимери, кои играат клучна улога во патогенезата на болеста, за активација на имунолошкиот одговор. Кај 90-95% од пациентите со целијакија постои експресија на HLA-DQA1*05 / DQB1*02 хетеродимерот.

Во Авицена Лабораторија е достапен високосензитивен молекуларен тест за одредување генетска склоност кон целијакија, со анализа на ДНК изолирана од крвта на пациентот.

Тестот се базира на RT PCR технологија за брза и прецизна идентификација на HLA алели од класа II – специфични за целијакија.

  • Дијагностички тест кој помага во дијагнозата на целијачна болест
  • Особено важен во случаи кога има отстапувања помеѓу серолошките испитувања преку крв и/или цревната биопсија.
  • Генетското тестирање се применува и за идентификација на луѓе предиспонирани за целијачна болест, особено во високоризични групи, како што се роднините од прв степен на лица болни од целијакија.
  • Пациенти со други автоимуни (дијабетес тип I, тироидитис и мултиплекс склероза) или генетски болести (Даунов синдром, Тарнеров синдром или Вилијамс синдром).

Примерок: венска крв

Цена : 4950 денари

Издавање резултати за еден работен ден

Со почит,

Авицена Лабораторија