fbpx

НОВО! Неонатален скрининг кај новороденчиња, доенчиња и мали деца

Сакаме да ве известиме дека, го зголемуваме нашето портфолио и започнуваме со изработка на неонатален скрининг кај новороденчиња, доенчиња и мали деца.

Новото портфолио генетски тестови, кои ќе им помогнат на пациентите да добијат најдобра можна дијагностичка услуга, за која не е потребно да ги посетуваат лабораториите во странство, туку отсега тестовите од светски размери кои се применуваат во најсовремените медицински центри во светот, се достапни и во нашата држава.

“Oreana” – Тест кој овозможува детална генетска слика за здравјето на новороденчиња, доенчиња и мали деца. Тестот е развиен со помош на најнова генерација биоинформатичка анализа и помага да се детектираат 106 нарушувања кои можат да направат пречки во развој кај децата.

Со Oreana, се врши раната детекција на состојби што може да го променат животот на детето, како и може да има голем придонес за здравјето и квалитетот на животот. Почетните симптоми на голем број од овие состојби вклучуваат недостиг на енергија, проблеми со дишењето, повраќање, тешкотии со хранењето и епизоди на метаболни кризи што налагаат итна нега. Иако третманот може да започне откако детето ќе почне да ги покажува првите симптоми, што може да се случи неколку седмици или месеци по раѓањето, растот и развојот на детето веќе се засегнати од состојбата. Раната детекција и започнувањето на третманот колку што е можно порано е најсоодветниот начин за спречување на појавата на симптоми или за сведување на минимум на влијанието на состојбата.

Со помош на Oreana може да се тестираат 142 гени и 106 автосоматски рецесивни, автосоматски доминантни и Х-поврзани хромозомски нарушувања. Нарушувањата што се тестираат со помош на Oreana се вклучени во Панелот за препорачани униформни скрининзи, што претставува список на нарушувања избрани врз основа на препораките на Американскиот колеџ за медицинска генетика (АКМГ) за скрининг кај новороденчиња, со чија рана детекција може да се спречат или да се намалат сериозните последици на одредени состојби, како што се застој во развојот, когнитивни нарушувања, невролошки и физички тешкотии.

ЕДНОСТАВЕН ПРИМЕРОК

За разлика од останатите тестови на нашиот пазар, за да се изработи Oreana потребен е едноставен брис од уста со што претставува целосно неинвазивен и безболен тест за детето.

БРЗИ РЕЗУЛТАТИ

Резултатите се добиваат брзо, па така, ако е потребно, вашето бебе може да започне со соодветен третман во најкраток можен рок.

СУПЕРИОРНА ТЕХНОЛОГИЈА

Супериорна технологија развиена од врвни експерти што дава точни резултати.

ПРЕЦИЗНА ДЕТЕКЦИЈА

Врши тестирање на генетски мутации што  предизвикуваат болести пропратени со сериозни здравствени проблеми.

ДЕТЕКТИРА 106 НАРУШУВАЊА

Ги надополнува рутинските програми за скрининг кај новороденчиња со кои се тестираат помал број нарушувања.

КОГА Е ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВИ ТЕСТОТ?

Вашето дете може да се тестира по раѓањето, сè до раното детство. Идеално, колку порано се изврши тестирањето, толку порано ќе се знае дали детето е засегнато од дадена состојба и ќе може да започне со третман, а со тоа ќе се спречат симптомите или, пак, влијанието на болеста ќе се сведе на минимум.

КОИ СОСТОЈБИ МОЖЕ ДА СЕ ТЕСТИРААТ СО Oreana?

Со помош на Oreana може да се тестираат 106 генетски состојби, со чија рана детекција може да се спречат или да се намалат сериозните последици на одредени состојби, како што се застој во развојот, когнитивни нарушувања, невролошки и физички тешкотии. Тестираните состојби може да се јават како резултат на наследна состојба од родителите што не се свесни за нивниот статус на носители, со или без претходна семејна историја на такво нарушување.

Тестирањето е брзо и безбедно за дечињата. За изработка на Oreana, во Авицена Лабораторија се користат специјализирани меки стапчиња со кои се зема биолошки материјал од внатрешноста на образот на детето, со кружни движења. Постапката е безболна и трае само неколку секунди.

Цена: 27.900 денари.

Издавање резултати: 2- 3 СЕДМИЦИ

Листа на нарушувања кои се тестираат со Oreana.

Погледнете ја брошура Oreana тука.