fbpx

ОТСЕГА! Достапно во Авицена Лабораторија – комплетно лабораториско решение за COVID-19 (PCR молекуларен тест + имунолошки тест)

Во Авицена Лабораторија е достапно КОМПЛЕТНО МЕНИ НА ТЕСТОВИ ЗА COVID-19, вклучувајќи:

      МОЛЕКУЛАРЕН REAL- TIME PCR ТЕСТ

Молекуларен Real-time PCR тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2                     2.600,00 ден.

Ретестирање за COVID-19 (Молекуларен Real-time PCR тест за SARS-CоV-2)2.400,00 ден.

Ултра брз молекуларен PCR тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2                       5.200,00 ден.

Multiplex Real-time PCR тест за истовремена детекција на вирусите SARS-CoV-2, Influenza A и B и RSV       3.000,00 ден.

ИМУНОЛОШКИ ТЕСТ ЗА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА: 

IgМ+IgA и IgG антитела кон SARS-CоV-2                                  1.800,00 ден.

IgG антитела кон SARS-CоV-2                                                        1.200,00 ден.

Вкупна концентрација на антитела кон SARS-CоV-2           1.200,00 ден.

ЦЕЛОСЕН ТЕСТ ПАКЕТ ЗА COVID-19

Молекуларен тест + Имунолошки тест за поединечна концентрација на антитела      3.700,00 ден.

Молекуларен тест + Имунолошки тест за вкупна концентрација антитела                      3.500,00 ден.

Комбинацијата на двата типа на тестови дава целосна и реална слика за случувањето во организмот на човекот, така што имунолошките и молекуларните тестови се комплементарни и се надополнуваат едни со други. Ако со молекуларните тестови се врши детекција на присуство на самиот вирус или дури и само секвенца од РНК на вирусот, со помош на мерењето на концентрацијата на антителата, се добива увид во тоа дали организмот бил во контакт со вирусот и каков е имунолошкиот одговор на организмот во борбата со овој вирус.

  ВАЖНА НАПОМЕНА!

–  Примероци за тестирање се земаат само во лабораториjaта во нас. Тафталиџе (07.00 – 19.00 часот) и во Тетово (08.00 – 14.00 часот).

–  Закажувањето е задолжително на тел. броеви:

071/278-529,  078/218-731,  071/269-623 и 072/319-850

–  При посетата на лабораторија за тест за COVID-19, задолжително треба да се пополни „Прашалник за пациенти за тест за COVID-19″ со сите барани податоци. Прашалникот можете да го преземете со клик на линковите во продолжение:

    Прашалник за пациенти (на македонски јазик)

    Прашалник за пациенти (на англиски јазик)

ЛАБОРАТОРИЈАТА РАБОТИ НЕПРЕЧЕНО СО СИТЕ ПАЦИЕНТИ И ГИ ПРУЖА СИТЕ ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ, ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛОТО РАБОТНО ВРЕМЕ.

ПАЦИЕНТИТЕ СО COVID-19 МОЖЕ ДА ГИ НАПРАВАТ СИТЕ ПОТРЕБНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ВО ДЕЛОТ ЗА COVID-19 (ВЛЕЗ-2), СО ПРЕТХОДНО ЗАКАЖУВАЊЕ НА 071/278-529,  078/218-731,  071/269-623 и 072/319-850

ПОТРЕБЕН ПРИМЕРОК

 –  Назофарингеален / орофарингеален брис за молекуларен тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2

 –  Венска крв за имунолошки тест преку крв, за одредување концентрација на IgM +IgA и IgG антитела кон вирусот SARS-CоV-2

МОЛЕКУЛАРЕН ТЕСТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА на вирусот SARS-CоV-2 (COVID-19) преку брис

Молекуларниот тест преставува златен страндард во тестирањето, бидеќи со помош на молекуларни  техники, се врши детекција на присуство на самиот вирус, дури и само секвенца од РНК на самиот вирус. Тестот кој се работи во Авицена Лабораторија е:

►       Високопрецизен Real-time PCR тест за детекција на самиот вирус SARS-CоV-2

►       CE-IVD сертифициран тест и валидиран за комплетно автоматска изработка

►       Единствен тест кој врши истовремен скрининг и конфирмација на сите три таргет гени од вирусот, со вклучена внатрешна контрола

►       Во согласност со светските нормативи и препораките од WHO, US CDC, Ch-CDC

КВАНТИТАТИВЕН ИМУНОЛОШКИ ТЕСТ ПРЕКУ КРВ, ЗА ОДРЕДУВАЊЕ КОНЦЕНТРАЦИЈА НА IgM + IgA и IgG АНТИТЕЛА кон вирусот SARS-CоV-2

Имунолошкиот тест кој се работи во Авицена Лабораторија е CЕ-сертифициран, се работи на целосно автоматски имунолошки анализатор. За разлика од брзите тестови, резултатот кој се добива е точна, нумеричка концентрација на присутните антитела, а тестот има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.

Мерењето на концентрацијата на IgM, IgA и IgG антителата имаат важност кај:

      –           ДИЈАГНОЗА ВО РАНА ФАЗА НА ЗАБОЛУВАЊЕТО

Појавата на антитела значи дека организмот бил во контакт со вирусот и се активирал имунолошкиот систем на организмот. Вообичаено, први се јавуваат IgM и IgA антителата, околу 5-7 дена по контактот со вирусот, а IgG антителата околу 14 дена од контактот со вирусот. Со мерењето на концентрацијата и на IgA антителата, дополнително се зголемува клиничката сензитивност на тестот.

–            ОТКРИВАЊЕ НА АСИМПТОМАТСКИ ПАЦИЕНТИ

Ќе се откријат лицата кои немаат или немале никакви симптоми, а биле во контакт со вирусот.

–            ПАЦИЕНТИ СО КЛИНИЧКИ СИМПТОМИ, ПРИ НЕГАТИВЕН МОЛЕКУЛАРЕН ТЕСТ

Постојат случаи кога од повеќе причини, молекуларниот тест може да биде лажно негативен. На овој начин, имунолошкиот тест ќе помогне во разрешување на многу дилеми.

–            СЛЕДЕЊЕ НА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА и ФАЗА ВО КОЈА СЕ НАОЃА БОЛЕСТА

–            ПРОГНОСТИЧКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА

Постојат клинички студии кои наведуваат дека значително зголемена концентрација на двата типа антитела се поврзува со полош тек на болеста и полош исход.

–            СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

Детекција на IgG антитела, при негативен молекуларен тест укажува дека веројатно сме биле во контакт со вирусот во минатото или сме ја прележале инфекцијата без симптоми.

–            СЛЕДЕЊЕ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ДЕЛ ОД ПОПУЛАЦИЈАТА НА ВИРУСОТ (пр.здравствени работници)

Со овие тестови се дава можност за тестирање на дел од популацијата, заради информацијата дали лицата биле во контакт со висусот, дали имаат заштитни антитела и сл.

–    МОЖНОСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАЗМА ЗА ТЕРАПЕВТСКИ ЦЕЛИ ОД ПАЦИЕНТИ СО ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

Концентрацијата на антитела во крвта на пациенти кои ја прележале болеста е клучна за да се направи селекција на пациенти кои се погодни донори на конвалесцентна плазма, со која би се лекувале болните од COVID-19.

Tабела за интерпретација на резултати*

Тест за концентрација на IgM+IgAТест за Концентрација на IgGИНТЕРПРЕТАЦИЈА
негативеннегативенСе исклучува постоење инфекција или е во тек на инкубација  („window” период)
позитивеннегативенРана фаза на инфекција 
позитивенпозитивенАктивна фаза на инфекција, доцна фаза на инфекција или опоравување
негативенпозитивенДоцна фаза на инфекција / мината инфекција / повторена инфекција

*Табелата за интерпретација на резултати е само насока и водич за понатамошна одлука, а не дефинитивна дијагноза. За дијагноза на заболувањето COVID-19, потребна е комбинација со молекуларни тестови, клинички преглед и наоди од други клинички испитувања.

Авицена Лабораторија, во услови на пандемија на COVID-19 на глобално ниво и  во интерес на заштита на здравјето на вработените, здравјето на пациентите и јавното здравје, секојдневно ги презема сите неопходни мерки согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, за спречување на ширење на оваа болест.