fbpx

Попуст од 15% за сите членови на НОРА – Невладина Организација за Ревматизам и Артритис

Почитувани,

Ве информираме дека ПЗУ Авицена Лабораторија потпиша договор за соработка со НОРА – Невладина Организација за Ревматизам и Артритис, со што обезбеди попуст од 15% за сите членови на организацијата.

Право на користење на попустот имаат сите членови на организацијата кои при посета на Авицена Лабораторија ќе приложат членска карта издадена од организацијата. Попустот се однесува за сите анализи кои не се на товар на Фондот за здравствено осигурување.

НОРА е граѓанска, невладина, непрофитабилна организација формирана со цел и мисија, совесно и морално да ги застапува проблемите на луѓето со ревматолошки заболувања и нивните семејства, да ги актуелизира нивните проблеми, да зборува за нивните потреби.

Авицена Лабораторија секогаш излегува во пресрет на потребите и барањата на пациентите, па така и овој пат, се потруди да стане активен учесник во подобрувањето на квалитетот на лекувањето и на оваа голема група на луѓе засегнати со ревматолошки заболувања.