fbpx

Пријавете се на Авицена Женска Трка 2019

Со задоволство Ве информираме дека традиционално, и оваа година, Авицена Лабораторија е насловен спонзор на овогодинешната седма по ред АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА, која ќе се одржи на 31.03.2019 година во Градски парк.

Женската трка секоја година зема поголем замав и станува значаен настан за подигање на свеста за здрави навики и унапредување на здравјето. Оваа година се очекува над 2.000 натпреварувачки да учествуваат во најпозитивната трка во Скопје – Авицена Женска Трка која е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

ПРОПОЗИЦИИ ЗА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 2019:


Дата на одржување: 31 март 2019 – недела
Место: – Бул. Илинден, Фонтана Лотус
Почеток на настанот: 09.30- Аеробик
Старт на трката: 10.00 – Трчање на 3.000 метри (1 круг на бул. Илинден)
Линк за пријавување: www.smartrace.club (пријавувањето се отвара на 23 јануари 2019 во 09.00 часот)
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без возрасно ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 28 март 2019

Програма

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:

09.30 – Аеробик вежби за загревање
10.00 – Старт на трка на 3км
10.40 – Вежби за истегнување и релаксација
10.55 – Прогласување на најдобрите
11.10 – Лотарија

Котизација

до 15.02.2019 / 150 денари
до 15.03.2019 / 200 денари
до 28.03.2019 / 250 денари

Пријавете се до 14. Март и вашето име ќе биде испишано на стартниот број. 

Рокoт за пријавување трае најдоцна до 28. Март. На денот на трката не е можно пријавување. 

Подигнување на стартните броеви ќе биде на 29 и 30 март, а локацијата ќе биде дополнително објавена.

Дополнителен продукт

Dry-fit маица со логото на трката можете да ја купите како дополнителен продукт по цена од 400 денари најдоцна до 28 февруари 2019. 

100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

Стартен пакет

·         стартен број со чип

·         дигитален стартен пакет – eventbaxx

·         вода

·         учество во лотарија

·         подароци од спонзорите

Категории

до 12 години
до 14 години
до 18 години
до 30 години
до 40 години
до 50 години
50+ години

Опис на патеката

Стартот и целта ќе бидат на бул.Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска. 

Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.