fbpx

Светот го одбележа Денот на лицата со Даунов синдром, а 21-ви март е симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.

Центарот за Даунов синдром по повод овој ден почна кампања со слоганот „Сите во ист свет живееме”.

За овогодинешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром, беа посветени серија настани и активности на тема што во Македонија сѐ уште се смета за табу: „Сексуално и репродуктивно здравје на лицата со Даунов синдром”. Со цел да се подигне свеста за оваа важна тема, „Трисомија 21 – Скопје” се здружи со невладината организација „ХЕРА”, во чија сфера на дејствување се здравственото образование и истражување.

Авицена даде поддршка на лицата со Даунов синдром овозможувајќи бесплатни испитувања во лабораторијата.

Дауновиот синдром е хормозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Годинава заеднички чинител на сите земји што се вклучуваат во кампањата по повод Светскиот ден на Дауновиот синдром е носењето шарени чорапи. Лицата со Даунов синдром треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството кои се способни да ги бараат своите права, способни да живеат осмислен живот и да придонесат кон градење на инклузивно одржливо општество.