fbpx

Важно известување за сите преземени мерки за превенција на COVID-19

ПЗУ Авицена Лабораторија, во интерес на заштита на јавното здравје, а согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, секојдневно презема низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците на лабораториски услуги, со цел во целост да се почитуваат сите препораки кои се однесуваат на превенција од ширењето на болеста COVID-19.

► На самиот влез во лабораторијата, одговорно лице ќе дели заштитни маски на сите пациенти, кои задолжително треба да се носат за време на целиот престој во лабораторијата.

► На неколку места во лабораторијата се поставени гелови за дезинфекција. Задолжително е пациентите да направат дезинфекција на рацете со истите при самиот влез и при излез од лабораторијата.

► Согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, пациентите задолжително да држат меѓусебно растојание од најмалку 1 метар на приемниот пулт, чекална (седење преку 1 столче) и во останатите простории.

► Вработените во ПЗУ Авицена Лабораторија посетија предавање за епидемиологија, превенција и заштита на здравствени работници од COVID-19.

► Вработените ги применуват сите мерки за сопствена лична заштита и заштита на корисниците на лабораториски услуги по насоките на СЗО, при што користат маски за лице, заштитни очила, ракавици и заштитна облека.

► Одржувањето на хигиената на површините е подигнато на највисоко ниво и освен редовната, се прави и вонредна дезинфекција и пребришување на сите работни и подни површини со соодветни дезинфекциони средства, регулирано со специјални „check-листи и процедури“ за потврда на ефикасноста.

► Согласно препорачаните мерки за превенција од ширење на болеста COVID-19, услугата ДОМАШНА ПОСЕТА привремено нема да се извршува.

Aнализата оGTT (орален глукоза толеранс тест) – скриен шеќер во овој период нема да се извршува. Бидејќи за анализата оGTT е потребно пациентите да поминат подолго време во лабораторијата, со оваа мерка се оневозможува истото и се спречува формирање групи на пациенти.

Дополнително ќе Ве информираме кога анализата oGTT и услугата домашна посета ќе бидат повторно достапни.

Во меѓувреме сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, со надеж и желба за побрзо надминување на настаната ситуација.

Ви благодариме на разбирањето.