Авицена Тим

Тимот на Авицена Лабораторија се состои од над 75 вработени меѓу кои:

  • 5 специјалисти по медицинска биохемија
  • 2 специјалисти по микробиологија и паразитологија
  • 1 молекуларен биолог
  • 21 дипломирани инженери по биохемија
  • 30 медицински лаборантски техничари
  • 2 дипломирани економисти
  • 15 лица административен персонал

Континуираната медицинска едукација на персоналот, редовното учество на стручни состаноци, конгреси, семинари во земјата и во странство, се дополнителен придонес за успехот и континуираниот развој на Авицена Лабораторија. Нашиот тим постојано врши консултации со водечките специјалисти во одредени области, со цел заедничка размена на искуства и ширење и унапредување на знаењето од различни области на медицината.