Авицена Лабораторија со хуманитарна акција - 100 бесплатни пакет крвни анализи

Денес (10.04.2019 година), Авицена Лабораторија во соработка со „Лајонс“ клуб Карпош и Општина Карпош ја реализираше хуманитарната акција за 100 бесплатни пакет крвни анализи за социјално загрозените категории на граѓани и повозрасни, изнемоштени лица од Општина Карпош.

Оваа акција има за цел да обезбеди здравствена заштита и превенција на граѓаните кои се под социјален ризик.