Акредитации и сертификации

Авицена Лабораторија поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013


Авицена Лабораторија е една од првите лаборатории на нашите простори која се здоби со Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Акредитацијата на специјалистичко дијагностичката лаботаторија беше спроведена од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, кој е членка на ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (International Accreditation Forum) од страна на Меѓународна комисија.

Ова претставува уште една алатка за објективна проценка и дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати, а со ова Авицена Лабораторија уште еднаш потврди дека ги задоволува барањата предвидени со националните, европските и меѓународните стандарди, и сите дополнителни барања, потребни за вршење на специфична лабораториска дејност.

 

EQAS (External Quality Assurance Service)- РЕДОВНА НАДВОРЕШНА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ОД СТРАНСКИ ИНСТИТУТИ



Авицена Лабораторија е дел од програмата EQAS ( External Quality Assurance Services) за редовна месечна надворешна контрола.

 

Авицена Лабораторија има воспоставено Систем за одржување на квалитетот со кој се осигурува дека се запазуваат задолжителните и светски прифатените стандарди во лабораториската медицина.

 

Секојдневно, рутински се извршува редовна внатрешна контрола на сите автоматизирани лабораториски системи. Исто така, лабораторијата е дел и од неколку програми за редовна надворешна контрола на квалитет на медицински лаборатории, преку целата година, по прецизно и строго определени временски интервали од неколку странски институции:

INSTAND e.V Германија за микробиолошки анализи и тоа: комплетна бактериологија со идентификација и осетливост, паразитологија, микологија, серологија и интерпретација на резултатии и UK NEQAS Microbiology (United Kingdom National External Quality Assessment Service), за дополнителни бактериолошки анализи со идентификација, осетливост и интерпретација на резултати.

 

INSTAND e.V Германија, за дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати од областа на биохемија, имунологија, хематологија, цитологија, хемостаза, јонометрија.

Програмите за надворешна контрола за работата и перформансите на една лабораторија се прифатени низ целиот свет, како неопходна алатка за објективна проценка.

На овој начин се постигнува дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати.

 

Како лидери во креирањето на системи за надворешна контрола, NEQAS програмите се акредитирани со цел да одговараат на сите стандарди задолжителни за една клиничка лабораторија.

 

EQAS сертификати за надворешна контрола на квалитет