Современа и прецизна алергодијагностика

ОТКРИЈТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗА ВАШАТА АЛЕРГИЈА!

Што е алергија?

Алергија претставува ненормална, бурна реакција на организмот на некоја супстанција, која вообичаено е безопасна за најголем број луѓе. Овие супстанции се нарекуваат алергени,а реакцијата која ја предизвикуваат е алергиска реакција.

Алергиската реакција може да се појави било каде во организмот - при тоа, може да предизвика сериозни последици, дури и да заврши со смрт.

Што ја предизвикува алергијата и како таа се манифестира?

Постојат стотици причинители на алергии и тие се наоѓаат насекаде околу нас - во домот, работната средина, храната, природата што не опкружува. Зависно од тоа каде се одигрува самата реакција, алергијата може да се манифестира на најразличен начин - од солзење и црвенило на очите ,секреција од носот, отежнато дишење и кивање, осип по кожата, па се до потешки и сериозни заболувања, кои се предизвикани од алергија - астма, хронични воспаленија на дишните патишта, кожни заболувања, нарушувања во варењето на храната и сл. Повеќето луѓе всушност и не знаат , дека сезоната за алергии никогаш не завршува-таа трае преку целата година, било да се работи за затворени простории, било за надворешната средина. Човекот во своето опкружување постојано е во контакт со секакви материи , кои се потенцијални предизвикувачи на алергиски реакции - тие се опасни подеднакво за сите - возрасни, деца, болни или здрави.

За третман на алергијата постојат неколку групи лекови, кои ќе Ви ги препорача Вашиот лекар. Но, како и за секое заболување, најпрво е неопходно да се утврди причината за настанатата алергија. Еден од првите чекори во лекувањето на алергијата е избегнување на контактот со причинителот на алергијата. Затоа, неопходно е да се знае дали постои еден, или можеби повеќе агенси , кои ја влошуваат Вашата здравствена состојба.

Постојат и многу заболувања кои ги имаат истите симптоми како алергиите. Затоа, во одредени ситуации, со цел да се дознае на што се должат истите тие сипмтоми и да се спроведе вистинскиот третман, потребно е да се направат и алерго-тестови.

Од друга страна пак, се јавуваат и состојби каде еприсутна алергија на повеќе супстанции истовремено.

Запомнете- само точно дијагностицирана болест може правилно да се лекува!

Затоа, најважно е да дознаете која е вистинската причината за Вашата алергиска реакција!!!

НАЈНОВО ВО ДИЈАГНОСТИКАТА НА АЛЕРГИСКИ РЕАКЦИИ

Како ќе откриете дали сте алергични?

Алерго-тестовите се најдобриот и единствениот начин да дознаете дали сте алергични. Тоа е, исто така, единствениот начин да се утврди што е тоа што ги предизвикува Вашите симптоми.

Кога ќе се утврди вистинската причината за настанатата aлергиска реакција, многу е поедноставно да се спречи понатамошниот контакт со таа супстанција и да се ублажат симптомите со соодветен третман.

Традиционалнитe начини на тестирање - познатите кожни тестови , се изведуваат на тој начин што причинителот за кој постои сомневање дека ја предизвикува алергијата се внесува во Вашиот организам, и се следи реакцијата што ќе настане.Тестот се состои од повеќекратни боцкања, најчесто на внатрешната страна на подлактицата и со појава на оток, црвенило или чешање се читаат резултатите од тестирањето.

За разлика кожните алерголошки тестови, постои можност со еднократно земање крв, да се одреди кој е причинителот на алергијата, до кој степен е развиена реакцијата и дури и да се предвиди некоја идна несакана реакција.

Immulite 3gAllergy™ и Rida qLine Allergy– тестови со кои најсигурно, најбезбедно и најточно ќе одредите што е тоа што ги предизвикува Вашите симптоми.

 

Предности на Immulite 3gAllergy™ и Rida qLine Allergy 

Голем избор на предизвикувачи на алергии.

Откривање на присуство на алергија, дури и кога не постојат никакви симптоми.

Без ризик по здравјето-за разлика од традиционалните кожни тестови, каде што причинителот на Вашата алергија се внесува во во организмот, со овие тестoви не постои ризик од било каква несакана реакција.

Безбедност, сигурност и удобност- со само едно боцкање и земање крв, се одредува причината и интензитетот на реакцијата со користење моќен софтвер.

Нема ограничувања во однос на возраста.

Не е потребен прекин на анти-алергиска и било каква друга терапија за изведување на тестот.

 

Некои интересни факти во врска со алергиите:

- Околу 80 милиони луѓе во Европа страдаат од алергии.

- 25% од нив не ја знаат вистинската причина за нивната алергиска реакција.

- 70% од пациентите се чувствуваат ограничени во своите секојдневни обрврски,а поради проблеми со дишењето 50% од нив имаат потешкотии при спиењето.

- Алергија на пеницилински препарати е најчестата алергиска реакција на лекови.

- Во Р.Македонија, алергија на полен од треви постои кај 17,9 % од населението.

 

Превземете го нашиот најнов флаер за алергии со клик на сликите подолу:

За повеќе информации, јавете се во Авицена Лабораторија, бул. 8 Септември бр.2, лок 1 на тел. 02/ 3179-001, 02/3179-010 Факс. 02/3177-130

www.avicenalab.com.mk

[1] European Federation of Allergy ; World Allergy Organisation