ПЗУ Авицена Лабораторија со подароци за СИТЕ дечиња!

ПЗУ Авицена Лабораторија додели подароци на СИТЕ дечиња кои учествуваа на конкурсот и испратија цртеж на тема „Се грижам за моето здравје“.

Доделувањето на подароците се одржа во сабота (12.09.2015 год.) во просториите на Авицена Лабораторија, во еуфорична атмосфера и пријатно расположение на сите присутни.

Голема благодарност до сите дечиња и родители, што присуствувавте во толку голем број и што со Вашиот труд, креативност и посветеност придонесовте за реализација на нашата цел, а тоа е промоција на здрав начин на живот и размислување и инволвирање на најмладите во здрави активности. Воедно Ви честитаме на освоените подароци!