Авицена Лабораторија со учество на ECCMID 2016

Задоволство ни е да Ве информираме дека традиционално како и секоја година, дел од тимот на Авицена Лабораторија учествуваше на 26-тиот Европски Конгрес за Клиничка Микробиологија и Инфективни Заболувања - ECCMID 2016, кој се одржа во периодот од 09-12ти Април во Амстердам, Холандија.

Во рамките на Конгресот, д-р спец. Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, шеф на микробиолошката лабораторија во Авицена Лабораторија имаше директно учество со две постер презентации на тема „Prevalence of sexually transmitted pathogens in women undergoing assisted reproductive techniques“ и „Prevalence and genetic distribution of human papilloma virus in women with cervical intraepithelial neoplasia“.

Со рекордна посетеност досега, со над 200 сесии, повеќе од 100 симпозиуми, над 20 едукативни работилници, овој настан преставуваше одлична можност за споделување на досегашните, но и за запознавање со нови трендови и достигнувања во клиничката и индустриската микробиологија.

Целата група имаше можност да ужива и во културното и историско богатство на Амстердам, со посета на неколку значајни места и објекти во околината.