Авицена Лабораторија со учество на 5-тиот Конгрес на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи

Во организација на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи од 9-ти до 12-ти Јуни во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржа 5-тиот Конгрес на Здружението и 6-тиот состанок на Југоисточно-европската педијатриска нефролошка работна група.

Авицена Лабораторија учествуваше со свој изложбен штанд каде беа промовирани современите тестови и методи за дијагностицирање на бубрежни заболувања.

Конгресот беше поддржан од ЕРА-ЕДТА (Европската ренална асоцијација – Европската асоцијација за дијализа и трансплантација), како и Интернационалната Нефролошка Асоцијација преку КМЕ курсот “Дијагноза и третман на хронична бубрежна болест (ХББ) – нови податоци и препораки“.

На овој тридневен академски настан учествуваа национални и интернационални еминентни доктори, професори од Европа и светот. Се дискутираше за сите значајни новости од клиничката нефролошка пракса и напредокот во дијагнозата и третманот на ХББ, како и трансплантацијата на органи како универзално човеково право за најдобар третман на ХББ.