Авицена Лабораторија спонзор на настанот Женска Трка - Скопски Маратон 2016

Во недела на 10-ти Април 2016, како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2016 се одржa Четвртата по ред ЖЕНСКА ТРКА. Трчањето е спортска дисциплина која во секој поглед има позитивни ефекти врз здравјето на човекот, а во таа насока, во рамките на трката, Авицена Лабораторија беше дел од настанот како институција која секогаш се грижи за унапредување на здравјето и го поддржува спортот и здравите навики.

Сите присутни имаа прилика да дознаат повеќе во врска анализите и услугите, директно од стручниот тим на Авицена Лабораторија, како и од многуте информативни материјали богати со едукативни и корисни содржини. Првопласираните три учеснички на трката беа наградени со вредносни ваучери за користење на услугите на Авицена Лабораторија.

Низ годиниве, бројот на жени учесници на трката се зголемува, а оваа година учествуваа над 1000 жени. Од 2016 година, Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

Денешните модерни и урбани жени имаат сè повеќе обврски, а сè помалку време за себе и време за вежбање, а ова е начин тоа да се промени. Трките од ваков, ревијален карактер се одржуваат насекаде во светот со една иста цел, подигање на свеста кај жените да започнат со активност која позитивно ќе влијае на нивното здравје.