Авицена Лабораторија со учество на XIX Конгрес на лекарите на Македонија со меѓународно учество

Во периодот од 1ви до 3ти Октомври 2015 година, во големата сала на хотел „ХОЛИДЕЈ ИН“ – Скопје, во организација на МЛД, се одржа XIX Конгрес на лекарите на Република Македонија со меѓународно учество.

Конгресот на лекарите на Македонија претставува највисок стручен и научен собир на припадниците од лекарската професија на нашата држава. На Конгресот беа пријавени над 400 труда, а беа поканети и присутни повеќе од дваесет еминентни предавачи од странство.

Авицена Лабораторија зеде активно учество во споделувањето на професионалните, стручните и научните искуства и достигнувања.

Како и секоја година, Авицена Лабораторија имаше свој изложбен штанд, каде беа презентирани современата лабораториска опрема, новите дијагностички тестови и методи, услугите и содржините насочени кон превенција и едукација на пациентите.