Авицена Лабораторија - Стручен состанок (05.06.2018 година)

 
Почитувани, Ве информираме дека на ден 05.06.2018 година, во хотел Александар Палас, Авицена Лабораторија одржа стручен состанок на кој присуствуваа над 150 лекари од примарната здравствена заштита и лекари специјалисти.
 
На состанокот беа промовирани сите генетски тестови поврзани со различни мутации на гени и заболувања кои ексклузивно се достапни во Авицена Лабораторија и предизвикаа посебен интерес кај присутните. Ваквиот револуционерен тип на генетски тестирања овозможува примена на т.н. персонализирана медицина – процедура кога во зависност од генетските информации добиени за одреден пациент, се донесуваат одлуки за превенција, дијагноза и третман - наменети лично за секој пациент.
 
Посебен акцент на предавањето беше ставен и на континуираната контрола на квалитет која ја спроведува Авицена Лабораторија во сите фази на лабораториско работење, како одговор на сите национални, европски и меѓународни стандарди за вршење специфична лабораториска дејност, како дополнителна гаранција за точен и прецизен резултат.

Состанокот беше акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и МЛД како стручен состанок и носеше соодветен број на поени.
 
По завршување на работниот дел, дружењето продолжи со пригоден коктел.

Тимот на Авицена Лабораторија ја изразува својата благодарност до сите присутни за покажаниот интерес и досегашната успешна соработка.