Рекордна посетеност од над 1.500 натпреварувачки на Авицена Женска Трка 2017

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2017, се одржа 5та Авицена Женска трка во Градски парк. Над 1.500 жени трчаа, се натпреваруваа, се дружеа и се забавуваа на овој уникатен настан.

 

Трчањето е спортска дисциплина која во секој поглед има позитивни ефекти врз здравјето на човекот, а во таа насока, во рамките на трката, Авицена Лабораторија беше насловен спонзор како институција која секогаш се грижи за унапредување на здравјето и го поддржува спортот и здравите навики.

 

Сите присутни имаа прилика да дознаат повеќе во врска со анализите и услугите, директно од стручниот тим на Авицена Лабораторија, како и од многуте информативни материјали богати со едукативни и корисни содржини.

 

Провпласираните три учеснички од сите 7 категории добија вредносни ваучери за користење на услугите на Авицена Лабораторија, а првите три од генералниот пласман добија посебни вредносни подароци.

 

Тимот на Авицена Лабораторија им честита на сите учеснички за постигнатите резултати. Посебни честитки и до Николина Мечкаровски која постигна најдобар резултат од големиот број на учеснички од тимот на Авицена Лабораторија.