fbpx

Често поставувани прашања

Не, закажување не е потребно. Пациентите се примаат во текот на целото работно време на лабораториите.

Исклучок се анализите:

  1. oGTT (орален тест за толеранција на глукоза) или тест на оптеретување на глукоза за пациенти со упат од лекар, кои анализата ја прават на товар на ФЗОМ. Закажувањето се прави на ?02 3179 001 или на приемен пулт во лабораторија.

По потреба, лабораторијата обезбедува неопходен лабораториски потрошен материјал (стерилни садови за микробиолошки анализи, брисеви со соодветни медиуми за транспорт на примерокот и сл.)

ПЗУ Авицена Лабораторија има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат – образец ЛУ-1, издаден од избран лекар од примарната здравствена заштита. Пациентот го остварува правото да ги изработи овие анализи на товар на фондот, исклучиво со валиден упат од матичен лекар.

Само лабораторијата на локација бул. 8 Септември бр.2 (Комплекс Македонија, зад Веро 2 Тафталиџе) има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ.

Важна напомена:

Согласно нашите протоколи за работа и начинот на доставување на документи за лична идентификација, како и упати од страна на матични доктори од страна на клиентите, сакаме да ве известиме дека здравствената легитимација која ја бараме при прием за лабораториски анализи се користи само и единствено за лична идентификација на пациентот.

Ве молиме вашите упатите од страна на матичните лекари да ги доставите уредно пополнети, надвор од здравствената легитимација.

Режимот на подготвување кај секој пациент е различен во зависност од видот на анализата која треба да ја направи. Прочитајте повеќе во делот за “Како да се подготвите“.

Да! Авицена Лабораторија е овде да Ви излезе во пресрет, во удобноста на Вашиот дом. За да закажете Домашна посета, јавете се на тел:02/3179 001 барем еден ден однапред!

Апсолутно не! Процесот на земање на крв и друг вид материјал е таков, што секогаш се користат стерилни игли и прибор спакувани поединечно и се за еднократна употреба, кои подоцна соодветно се складираат во посебен медицински отпад.

Кога правите тестирање на крвта, ништо не влегува во Вашиот организам. Крвта се зема во специјални епрувети во кои има вакум, така да кога стерилната игла ќе влезе во крвниот сад, крвта директно од вената ја пополнува епруветата.

Мораме да бидеме сигурни дека го идентификуваме секој од пациентите по име, датум на раѓање, адреса и др. Вредностите на лабораториските анализи имаат различни референтни вредности во зависност од полот и возраста, затоа е неопходно е да се знаат. Пр. лабораторискиот резултат на некоја анализа кој е нормален за 60 годишен човек, може да излезе надвор од рамките на нормалните вредности за 5 годишно дете. Доколку лекарот бара да се направат одредени анализи, ние мораме да имаме информации за Вашиот последен оброк како и за последниот термин на земање на лекови.

Во зависност од видот на анализите кој што докторот ги одредил, потребно е различно време за добивање на резултатите. Поголемиот дел од резултатите се издаваат уште истиот ден (после 14.00 часот) или во рок од 24 часа, додека некои анализи бараат подолг период.

Микробиолошките анализи бараат подолго време за издавање на конечен резултат. (потребното време да се идентификува одреден микроорганизам доколку постои во примерокот и одредување на негова чувствителност кон антибиотици е 2-3 дена).

Уникатна можност за директно преземање на резултатите со најава на веб страната:

  • Директно од нашата веб страна
  • Ќе ви бидат испратени и по e-mail

Оригиналниот примерок од резултатот се подигнува исклучиво лично на приемен пулт во лабораторија. Доколку не сте во можност лично да го подигнете резултатот во оригинал, потребно е да се пополни формулар за овластување на трето лице, кое може да ги подигне Вашите резултати. Формуларот може да го добиете на приемен пулт.

Доколку од објективни причини се случат проблеми во електронската и телефонската комуникација, посебно при преземањето резултати, Ве молиме контактирајте ги вработените во Авицена Лабораторија на: тел. 02/3179-001, на e-mail: lab@avicenalab.com.mk или подигнете го резултатот во оригинална форма (кој претставува официјален документ), во редовното работно време на лабораторијата.

Вие можете да бидете тестирани поради различни причини, кои се во врска со проблемите кој ги имате соопштено на Вашиот доктор – да ја проверите општата состојба на организмот, да ја проверите состојбата која веќе е дијагностицирана или да се провери како реагирате на веќе препишаната терапија. Ова се само некои од причините заради кои лекарот бара лабораториско тестирање. Резултатите од истите треба да бидат протолкувани од Вашиот матичен лекар заедно со сите испитувања и клиничката слика.

Лабораториските тестови најчесто се прават од примерок на крв и урина. Потребно е да се земе мала количина на крв и треба да се собере неопходната количина на урина. За поголемиот дел лабораториски испитувања на крвта, неопходно е подготовка која подразбира земање на крв ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во пократок период пред вадењето на крвта доведува до пораст на концентрацијата на гликоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.

Ве молиме, да. Ќе направиме се за да Ви биде комфорно и ќе Ви кажеме се што треба да очекувате од самото испитување. Денес процедурите на вадење на крв се многу едноставни, безболни и брзи.

Ве молиме, да. Нашиот персонал е високо професионален, но не го занемаруваме фактот дека Вие најдобро си го познавте Вашиот организам. Ве молиме да ни потенцирате доколку сте имале било какви проблеми во минатото. Ќе направиме се за да бидете сигурни дека се ќе биде изведено на најдобриот можен начин.

Количината на крв која треба да се земе, зависи од бројот и видот на анализите кој ги бара Вашиот лекар. Современата лабораториска опрема ни овозможува да повеќето анализи ги направиме од минимална количина на крв. Токму поради тоа, Вие ќе се чувствувате добро и после вадењето на крвта ќе можете да продолжите со нормалните дневни активности. Секој примерок (серум) во Авицена Лабораторија се чува 7 дена, во случај за потреба за изработка на дополнителни анализи (анализи кои го дозволуваат тоа).

Нашата лабораторија ги почитува сите правила за отстранување на медицинскиот отпаден материјал. Овие правила обезбедуваат сигурност во работата и заштита на животната средина. Контаминираниот лабораториски отпад се пакува и транспортира по посебни процедури на одредено место.

o   ЛОКАЦИЈА 1 (нас. Тафталиџе), бул. 8 Септември бр. 2, Лок. 1, 1000 Скопје

o   ЛОКАЦИЈА 2 (нас. Аеродром), бул. Јане Сандански бр.13-1/А, 1000 Скопје

o   ЛОКАЦИЈА 3 (нас.Кисела Вода), ул. Мариовска бр.2-А, 1000 Скопје

o   ЛОКАЦИЈА 3 (Тетово), ул. Благоја Тоска бр.222, 1200 Тетово

Контакт центар: 02 3179 001

ЛОКАЦИЈА 1 (нас.Тафталиџе)

Пон – Пет: 07:00 – 19:30 часот

Саб: 07:00 – 19:00 часот

Нед: 08:00 – 13:00 часот (само за тест за COVID-19)

 

ЛОКАЦИЈА 2 (нас.Аеродром)

Пон – Пет: 07:00 – 18.00 часот

Саб: 08:00 – 14:00 часот

 

ЛОКАЦИЈА 3 (нас.Кисела Вода)

Пон – Пет: 07:00 – 15.00 часот

Саб: 08:00 – 14:00 часот

 

ЛОКАЦИЈА 4 (Тетово)

Пон – Пет: 07.00 – 15.00 часот

Саб: 08.00 – 14.00 часот