Дечињата од Меѓунaродната градинка St. Paul во посета на Авицена лабораторија

Дечињата од Меѓунaродната градинка St. Paul ни го разубавија денот со својата посета во Авицена лабораторија.

Стручниот тим на Авицена им посака топло добредојде. Додека внимателно слушаа и ја разгледуваа нашата лабораторија тимот се погрижи на начин соодветен на возраста да го презентира секој сектор поединечно и да ги запознае дечињата со работата во една лабораторија.

Децата полни со импресии и впечатоци, а некои од нив и со желба да се најдат во белиот мантил, на крај од посетата се препуштија на игрите, дружбата и забавата кои ги нуди нашето Детско катче.