Важно известување за сите преземени мерки за превенција на COVID-19

ПЗУ Авицена Лабораторија, во интерес на заштита на јавното здравје, а согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, секојдневно презема низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците на лабораториски услуги, со цел во целост да се почитуваат сите препораки кои се однесуваат на превенција од ширењето на болеста COVID-19.

На самиот влез во лабораторијата, одговорно лице ќе дели заштитни маски на сите пациенти, кои задолжително треба да се носат за време на целиот престој во лабораторијата.

На неколку места во лабораторијата се поставени гелови за дезинфекција. Задолжително е пациентите да направат дезинфекција на рацете со истите при самиот влез и при излез од лабораторијата.

Согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, пациентите задолжително да држат меѓусебно растојание од најмалку 1 метар на приемниот пулт, чекална (седење преку 1 столче) и во останатите простории.

Вработените во ПЗУ Авицена Лабораторија посетија предавање за епидемиологија, превенција и заштита на здравствени работници од COVID-19.

Вработените ги применуват сите мерки за сопствена лична заштита и заштита на корисниците на лабораториски услуги по насоките на СЗО, при што користат маски за лице, заштитни очила, ракавици и заштитна облека.

Одржувањето на хигиената на површините е подигнато на највисоко ниво и освен редовната, се прави и вонредна дезинфекција и пребришување на сите работни и подни површини со соодветни дезинфекциони средства, регулирано со специјални „check-листи и процедури“ за потврда на ефикасноста.

Согласно препорачаните мерки за превенција од ширење на болеста COVID-19, услугата ДОМАШНА ПОСЕТА привремено нема да се извршува.

Aнализата оGTT (орален глукоза толеранс тест) - скриен шеќер во овој период нема да се извршува. Бидејќи за анализата оGTT е потребно пациентите да поминат подолго време во лабораторијата, со оваа мерка се оневозможува истото и се спречува формирање групи на пациенти.

Дополнително ќе Ве информираме кога анализата oGTT и услугата домашна посета ќе бидат повторно достапни.

Во меѓувреме сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, со надеж и желба за побрзо надминување на настаната ситуација.

Ви благодариме на разбирањето.