Авицена Лабораторија со учество во големата еко акција за чистење на Општина Карпош

Во сабота (13.04.2019 година) Авицена Лабораторија учествуваше во најголемата досега еко акција за чистење на Оштина Карпош. 

На оваа успешна еко акција во организација на Општина Карпош се приклучија повеќе општествено одговорни субјекти и имаше за цел подигање на свеста за околината и покрај тековната и секојднева грижа за јавната хигиена, затоа што секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина.