Авицена Лабораторија успешно го помина редовниот годишен стручен надзор за одржување акредитација, согласно MKC EN ISO 15189:2013 стандардот

Како и секоја година, во рамките на редовната проверка на контролата на квалитет, ПЗУ Авицена Лабораторија успешно го помина редовниот годишен стручен надзор на тековната акредитација, согласно MKC EN ISO 15189:2013 стандардот за квалитет и компетентност на медицински лаборатории.

Стручниот надзор беше спроведен од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, кој е членка на Меѓународна организација за акредитација на лаборатории - ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation) и Меѓународен форум за акредитација - IAF (Internationa Accreditation Forum). Со ова се задоволени сите меѓународно признати критериуми за извршување на акредитациони активности, т.е. потврда дека ИАРМ работи согласно меѓународните стандарди.

ПЗУ Авицена Лабораторија е меѓу првите специјалистичко дијагностички лаборатории која се здоби со Сертификат за акредитација согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013, a овој процес на продолжување акредитација претставува само уште една алатка за објективна проценка и дополнителна контрола и сигурност во точноста на секоја изработена анализа поединечно и издадените резултати за истите, притоа опфаќајќи ги комплетно сите анализи што се изработуваат во лабораторијата, со најголем опсег на акредитирани методи (над 300).

Стандардот MKC EN ISO 15189:2013 гарантира континуирана контрола на квалитет во сите фази на лабораториското работење и ја нагласува досегашната препознатливост, посветеност и признание за квалитетот на лабораториските услуги.

Со ова Авицена Лабораторија уште еднаш потврди дека ги задоволува сите барања предвидени со националните, европските и меѓународните стандарди, и сите дополнителни барања, потребни за вршење на професионална специфична лабораториска дејност.