Авицена Лабораторија поддржувач на едукативната кампањата за хигиена на раце под слоганот „И суперхероите мијат раце“

Авицена Лабораторија е поддржувач на кампањата која се одвива под слоганот „И суперхероите мијат раце“. Целта на овој проект е да преку работилници, предавања и разни активности во основните училишта се подигне свеста кај децата и возрасните за правилно и редовно одржување на хигиената на рацете.

Во зимскиот период кога инфекциите на дишните патишта се значително поприсутни, од особена важност е следењето на препораките на лекарите, меѓу кои и редовната хигиена на раце, како најважен и наједноставен начин за спречување инфекции, особено во средини како училиштата и градинките.