Интолеранција на храна

ДАЛИ ПРИЧИНАТА ЗА ВАШИОТ ПРОБЛЕМ Е ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА?

Понекогаш, одредени лица имаат невообичаена реакција кон одредена храна или состојка од храна!

Што е интолеранција на храна?

Бројни студии, во последните 25 години, покажуваат дека 55% од светската популација покажува хиперсензитивност - абнормална реакција на организмот на одредени компоненти од храната и пијалоците кои се внесуваат секојдневно. Имунолошката реакција во која се создаваат IgG антитела – IgG интолеранција. Тоа е долготрајна хронична реакција на организмот која витално не го загрозува пациентот, но е докажано дека може да биде причина за појава на некоја болест или хронична состојба како што се: артритис, астма, кандидијаза, целијакија, синдром на хроничен умор, депресија, анксиозност, дигестивни проблеми, задржување на вода во организамот, отоци, инфекција на ушите, синузитис, фибромијалгија, мигренозни главоболки, вртоглавици, несоница, болка во мускулите, ментален замор, псоријаза, гојазност или губиток на телесната тежина. Ваквата реакција на организмот се нарекува интолеранција и може да биде вродена или стекната.

Метаболичката т.е вродената интолеранција, се јавува како резултат на недостаток или намалена активност на некој ензим, како последица на вродена грешка во генетскиот код на некој од ензимите, вклучени во сложени метаболички процеси. Ваквото пореметување се јавува кај новороденчињата, а дијагнозата се потврдува генетски на молекуларно ниво.

Како настанува?

Како последица на стрес, лекови, инфекции може да дојде до оштетување на ѕидот на дебелото црево. Ова резултира со премин на недигестрирана храна во крвотокот, која предизвикува продукција на специфични IgG антитела, формација на имуни комплекси кои на крај манифестираат со појава на хронични вослалителни реакции – основа на промената.

Типични симптоми

• Хронични гастроинтестинални проблеми: проливи, запек, стомачна болка, гасови, синдром на раздразливо црево, колики, чувство на подуеност.

• Главоболки, мигрена.

• Ревматски заболувања, болка во зглобови.

• Хронични кожни проблеми: атописки дерматит, псоријаза, чешање, уртикарија.

• Хронична прекумерна тежина.

Интолеранција на храна не е исто што и алергија на храна

Иако интолеранцијата на храна и алергијата манифестираат исти или слични симптоми, станува збор за сосема различни состојби. Дознајте повеќе за разликите во табелата:

 

АЛЕРГИЈА (IgE)

ИНТОЛЕРАНЦИЈА (IgG)

Акутен почеток

Одложен почеток, хронична форма

Позитивни алерготестови

Негативни алерготестови

Сомнеж за 1-2 состојки

Сомнеж за повеќе храни (состојки)

Доволно е мн. мала количина храна

Зависи од дозата

Зафаќа кожа и слузокожи

Ги зафаќа сите ткива

Лесно препознатлива

Тешко препознатлива

Перманентна (дефинитивна)

Можна е ремисија ако се одбегнува со соодветен режим на исхрана

 

 

 

 

 

 

 

 Тест за интолеранција ИгГ

Авицена лабораторија Ви нуди комплетна лабораториска проценка на Вашата здравствена состојба, со тестови изведени со најсовремена опрема и во најкус можен рок.

RIDASCREEN® Spec.IgG FoodScreen тест со кој најсигурно, најбезбедно и најточно ќе одредите што е тоа што ги предизвикува Вашите симптоми.

      Неинвазивен

      Едноставно земање крв

      Резултати истиот ден

      Тест со кој се одредува можна интолеранција на преку 90 видови храна или состојки од храна

Истражувањата покажаа дека 2/3 од пациентите подложени на тестот за испитување на интолеранција на храна се ослободени од хроничните тегоби, што значајно влијае на општата здравствена благосостојба на секој пациент.

Што по добивање на резултатот?

1. Избегнување на храна кон која се детектирани специфични IgG.

Храната за која е добиен позитивен резултат, треба комплетно да се избегнува, од 8-12 недели па се до една година, во зависност од реакцијата.

2. Ротациона диета со останата храна.

Останатата храна се консумира во 4-дневен циклус. (Пр.: ако се јадат одредени видови храна еден ден, истите да се избегнуваат следните 3 дена).

3. Повторно воведување на храната која се избегнувала.

Храната која се избегнувала се воведува постепено. Доколку повторно се јави реакција, истата храна се избегнува од менито.(може да се зема, но не често).

Кликнете овде и дознајте за сите видови на храна на кои можете да се тестирате!