Авицена Лабораторија со учество на 26-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација

Во периодот од 3-5 Октомври во хотел Александар Палас се одржа 26-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација.  Во оваа прилика, д-р Виолета Солева, д-р Пецко Десоски, д-р Бранко Јагликоски, и Деспина Ефремова, специјалисти по медицинска биохемија од Авицена Лабораторија земаа активно учество со две постер презентации на тема „The most frequent types of food that cause food intolerance in our population“ и „Case report of IgG food intolerance.“ Д-р Пецко Десоски одржа и усна презентација на тема „Food intolerance (specific total IgG vs. food antigens) – What we know and what we don’t know“.

Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кои ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.