10% попуст на PSA во текот на месец ноември

Во месец ноември посветен на машкото здравје, во целиот свет се спроведува „Movember“ – движење кое има цел зголемување на свесноста кај машката популација за нивното здравје и превенција на одредени заболувања.

Малигните заболувања се втора причина за смртност низ целиот свет, а карциномот на простата е едно од најчестите малигни заболувања кај мажите. Препораките се дека секој маж над 50 години, би требало да направи скрининг со преглед и одредување на PSA во крвта. Оваа граница се намалува на 45 или 40 години, доколку пациентите имаат висок ризик, како на пример болеста да ја има близок член од семејството.

Во Авицена Лабораторија се изработуваат високо сензитивни лабораториски тестови, кои во комплет со клиничкиот преглед, овозможуваат ран скрининг на карциномот на простата, како и други туморски маркери, кои им служат на лекарите за проценка на состојбата кај одредени групи на пациенти.

Авицена Лабораторија е институција која се стреми кон унапредување на здравјето и оваа година го поддржува овој настан. Во текот на ЦЕЛ МЕСЕЦ НОЕМВРИ секој PSA ТЕСТ (скрининг тест за простата) е со 10% ПОПУСТ.