Генетски тестирања и персонализирана медицина

Генетското тестирање преставува револуционерно откритие со кое дознаваме што  е запишано во нашите гени. Ваквиот тип на тестирања овозможува примена на т.н. персонализирана медицина – процедура кога во зависност од генетските информации добиени за одреден пациент, се донесуваат одлуки за превенција, дијагноза и третман кои се наменети лично за секој пациент.

 

Секогаш во чекор со новите трендови во современата медицина, задоволство ни е да ве информираме дека во Авицена Лабораторија се  достапни различни типови на генетски тестирања, со кои може да се добијат различни информации поврзани со:

          Дијагноза на одредено заболување

          Идентификација на мутација на гени поврзани со веќе дијагностицирано заболување

          Одредување на најсоодветен третман за пациентот

      Одредување на гени кои носат зголемен ризик и склоност кон одредно заболување ( пр.наследни карциноми). Носителите на вакви мутирани гени може да бидат здрави индивидуи-сепак нивните деца имаат шанси да го развијат заболувањето.

          Детекција на гени кои може да бидат пренесени на идното потомство

          Пренатално тестирање – тестирање на ДНК на фетусот од крвта на мајката за генетски нарушувања

          Скрининг на новородени за заболувања кои може да се третираат

 

     Единствено во Авицена Лабораторија, достапни се огромен број на поединечни тестови или тестови во форма на панели, поврзани со различни мутации на гени и заболувања.

     

        Долунававедените се само дел од достапните генетски анализи:

 

 

          PRECONCEPTION GENE PROFILE  
Генетски скрининг за носителство на 363 наследни болести (320 гени, 32.749  мутации) кај личности кои сакаат да станат родители (без оглед на инфертилитет).

Цена: 46.200,00 ден

 

          ONCO GENEPROFILE
Панел за истовремена генетска анализа на 80 гени асоцирани со повеќе видови на рак (наследен рак на дојка, јајници, простата, меланом, анемија, педијатриски онкологии). Погодна за сите кои сакаат да тестираат склоност кон одреден вид на рак.

Цена: 52.300,00 ден

 

          MAMMA GeneProfile 
Генетски панел за секвенционирање на гените на BRCA1 и BRCA 2 за наследен вид на рак на дојка и јајници.

Цена: 46.200,00 ден

 

          CARDIO GeneProfile:
Генетски панел за истовремена анализа на 196 гени поврзани со кардиоваскуларни заболувања (кардиомиопатии, патологии на аорта, гени асоцирани со синдром на ненадејна смрт).

Цена: 55.400,00 ден

 

          Intellectual Disability (ID) GeneProfile:
Панел за детекција на мутации во 505 гени кои се поврзани со интелектуална попреченост. Ги идентификува сите патологии поврзани со X-хромозомот. Адекватен за корелација на фенотип-генотип, со што се утврдува понатамошниот начин на лекување.

Цена: 55.400,00 ден

 

          Epilepsy GeneProfile:
Генетски панел за испитување на 200 гени поврзани со примарна и секундарна епилепсија, вклучувајќи и гени поврзани со одговор на терапија. 

Цена: 55.400,00 ден


Доколку имате потреба за анализа на ген кој не се наоѓа во некои од наведените панели, Ве молиме контактирајте нѐ за дополнителни можности на тестирање.

За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 3079-700 или посетете ја www.avicenalab.com.mk.

 

            

                Со почит,

                Тимот на ПЗУ Авицена Лабораторија