HPV (Human Papillomavirus) - Најчесто поставувани прашања

Што претставува HPV?

HPV е име на група на вируси. Постојат над 150 типови на HPV ( Human papillomavirus) кои се сексуално - преносливи, кои ги зафаќаат половите органи кај мажите и жените. Некои типови HPV (на пр.тип 6, тип 11) предизвикуваат прoмени кои се нарекуваат генитални брадавици, додека други типови, кои се нарекуваат високоризични ( на пр. тип 16, тип 18 и др.) можат да предизвикаат CIN промени (абнормален раст на клетки) кои водат до развој на карцином на грлото на матката.

Како може да добијам HPV?

HPV се пренесува со генитален контакт, најчесто преку вагинален или анален сексуален однос. Најголем број од луѓето не знаат дека го имаат вирусот или дека го пренесуваат на својот партнер. Затоа, најчесто не е возможно да се знае кој го пренел вирусот и кога се случила инфекцијата.

Дали постои друг начин за инфекција со HPV?

Постојат повеќе заблуди околу тоа како може да се добие HPV. Меѓутоа, важно е да се знае дека кондомите не овозможуваат 100% заштита од HPV. Бидејќи вирусот се наоѓа и во кожата околу гениталиите, вирусот многу лесно може да преминe од гениталната регија на мажот во вагината, вулвата или анусот кај жената.

Како HPV предизвикува рак на грлото на матката?

Вирусот на HPV предизвикува абнормален раст на клетките од грлото на матката. Во голем број случаи, HPV исчезнува сам по себе. Меѓутоа кога инфекцијата со HPV трае извесно време, од абнормалните клетки може да се развие карцином (рак на грлото на матката или на други делови на телото).

Дали ракот на грлото на матката може да се (превенира) спречи?

Да. Постојат тестови со кои може да се пронајдат најдат рани знаци, уште пред да се развијатсимптомите. На овој начин, проблемот ќе се пронајде и реши уште пред да се равие во карцином.Такви тестови се PAP-тест и HPV-тест.

Што е разликата меѓу PAP-тест и HPV-тест?

И двата теста овозможуваат да се направи скрининг за цервикален карцином. Разликата е во тоа што детектираат различни нешта. Со PAP-тестот се бараат промените на клетките кои може да доведат до карцином. Со HPV-тестот се бара и детектира вирусот на HPV кој ги предизвикува овие промени.

Дали ќе добијам рак на грлото на матката ако имам HPV?

Оние жени кои имаат HPV нема да развијат рак на грлото на матката, само доколку ги следат советите и упатствата од нивните гинеколози за соодветно тестирање и третман. Доколку имате HPV, Вашиот гинеколог ќе препорача почести контроли и тестирања, се со цел рано да се најдат евентуалните промени и истите соодветно да се третираат. Затоа, следете ги советите од Вашиот гинеколог.

Доколку имам HPV, дали ќе можам да останам бремена и родам здраво бебе?

Постоењето на HPV не ја намалува шансата за бременост. Типот на HPV кој го имате, не би требало да влијае на здравјето на нероденото бебе. Меѓутоа, доколку Ви е потребен третман на абнормалните клетки на грлото на матката (предизвикани од HPV), самиот третман може да влијае на шансите за забременување. Консултирајте се со Вашиот гинеколог во врска со ова.

Каде можам да направам HPV – тест?

Правилното дијагностицирање на HPV е од огромна важност и е пресудно за понатамошниот третман на пациентот. 

Во ПЗУ Авицена Лабораторија можете да направите Anyplex II HPV 28 тест - единствен мултиплекс RT-PCR тест, кој овозможува истовремена детекција, диференцијација и квантификација на 28 различни ХПВ генотипови.(19 високоризични и 9 нискоризични), одговорни за цервикален карцином и/или сексуално преносливи инфекции.

 

19 високоризични ХПВ генотипови: 16,18,26,31,33,35,39,45,51,52,53,56,58,59,66,68,69,73,82

9 нискоризични ХПВ генотипови: 6,11,40,42,43,44,54,61,70

 

Благодарение на единствените DPO® и TOCE® технологии, овој тест се изведува на Real Time - PCR инструменти, за високопрецизна детекција, диференцијација и квантификација на високо и нискоризични ХПВ инфекции.

Тестот ги обезбедува сите потребни информации (генотип, ко-инфекција, квантитативен резултат) во врска со инфекцијата, за да се олесни клиничкото следење на пациентот.