Високосензитивни тестови за молекуларна детекција на причинители на сексуално-преносливи инфекции и бактериска вагиноза.

Сексуално-преносливи болести се група заболувања предизвикани од најразлични причинители. Постојат повеќе од 30 различни бактерии и вируси кои се пренесуват со полов контакт и манифестираат разни симптоми и несакани последици (неплодност, негативно влијание врз бременоста, малформации кај плодот). Раната и точна идентификација на причинителот е од особено значење за правилно лекување.

Во Авицена Лабораторија се работат високосензитивни тестови за молекуларна детекција на причинители на сексуално-преносливи инфекции и бактериска вагиноза.

ПАНЕЛ ЗА СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ  CO RT-PCR МЕТОД за детекција и идентификација на 7 најчести причинители:

          C.trachomatis

          N.gonorrhoeae

          T.vaginalis

          M.genitalium

          M.hominis

          U.urealyticum

          U.parvum

Примерок: Генитален брис

Цена на тестот: 3000,00 ден.

 

ПАНЕЛ ЗА БАКТЕРИСКА ВАГИНОЗА СО RT-PCR МЕТОД за квантитативна детекција на 7 бактерии поврзани со бактериска вагиноза

          Lactobacillus spp.

          G.vaginalis

          A.vaginae

          Megasphаerа тип 1

          B.fragilis

          Mobiluncus spp.

    BVAB 2 (bacterial vaginosis associated bacteria) – останати бактерии поврзани со бактериска вагиноза

Примерок: Вагинален брис

Цена на тестот: 2000,00 ден.

 

 

 

Консултирајте се со Вашиот лекар во врска со изборот на тестови за молекуларна детекција на сексуално-преносливи инфекции и бактериска вагиноза.