fbpx

Општествена одговорност

Овозможување на врвна здравствена услуга со цел унапредување на човековото здравје е наш приоритет. Како компанија цел ни е да се грижиме и да го унапредуваме здравјето и квалитетот на живот на сите припадници во заедницата од која сме дел, вклучувајќи ги и нашите вработени и нивните семејства, нашите клиенти и сите останати припрадници на општеството.

Нашата политика за општествена одговорност е насочена кон повеќе сегменти, и тоа :

– грижа за околината и животната средина

– помагање во заедницата, со посебен осврт на ранливите категории на граѓани: деца од сиромашни и социјално-загрозени семејства и лица со посебни потреби

– промоција на спортот како предуслов за добро здравје

Досега имаме соработка со неколку здруженија и иницијативи, со кои остваруваме соработка и различна форма на помош, каде што покрај друг вид на помош, им се овозможуваат бесплатни здравствени лабораториски услуги на одредени категории граѓани.

Веруваме дека со оваа наша определба за помош на поединци, семејства и групи граѓани, даваме приднес кон подобрување и зајакнување на општеството во целина.

Придобивките од општествено одговорните активности ја согледуваме во секојдневните активности, не само на компанијата во целост, туку и кај вработните, на индивидуално ниво. Насекаде е познато дека за успешното работење на една компанија од исклучителна важност се задоволните и мотивирани вработени, а нашите вработени со видлив ентузијазам учествуваат во разни акции: помагаат со  донации на облека и храна, даруваат крв, учествуваат во хуманитарни трки и турнири и слично.

И понатаму ќе се грижиме и поддржуваме активности и настани од хуманитарен карактер, со повеќе партнери со цел практикување на општествено-одговорни активности. Истовремено, се надеваме дека ваквите иницијативи ќе бидат мотив и инспирација за голем број на граѓани и институции, со цел сите заедно да го направиме нашето општество подобро и поубаво место за живот за секого.

24 Декември 2021

Нашата новогодишна работилница решивме да ја посветиме на помагање и споделување грижа за најранливите категории на граѓани, која е од особена важност во овој тежок период на пандемија со COVID-19 вирусот.
За таа цел, денес нашите вработени се приклучија во иницијативата на Ретвитни Оброк (Retweet a meal), каде зготвивија топли оброци, кои ќе бидат поделени на сиромашни и бездомни лица од страна на здружението Вистински дела на љубезност.
Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк” заедно со здружението „Вистински дела на љубезност” веќе шест години помагаат на социјално загрозени лица 🍴❤️
Ги поттикнуваме сите компании и поединци да се приклучат во оваа одлична иницијатива #РетвитниОброк

 

1 Декември 2021 

На 1 декември 2021 реализиравме уште една општествено одговорна акција, во едно од најстарите основни училишта во Тетово, Братство – Миѓени, каде нивниот училишен двор го опремивме со клупи.
Грижата за заедницата и за условите во кои младите генерации растат и се развиваат е приоритет, за таа цел како општествено одговорна компанија се посветуваме со сите наши капацитети.
На училиштето Братство во Тетово им посакуваме успешни учебни години!
Годината ја завршуваме со неколку проекти од општествено одговорен карактер кои ни се навистина драги за нас како компанија.

 

23 Октомври 2021 

Петта година горди поддржувачи на „СИТЕ СИТИ“ и големата донаторска акција „Нахрани 10.000“.

Започнувајќи од 2016 година, па сè до денес, оваа акција за донирање на храна за нашата компанија прерасна во традиција.

Здружението со донациите собрани од оваа акција, помага на 7000 социјално загрозени граѓани во повеќе од 10 градови, преку обезбедување на дистрибуцијата потребна за превземање на храната и нејзина дистрибуција до граѓаните и семејствата од социјален ризик.

 

Октомври 2020

Авицена Лабораторија повторно беше дел од најмасовната хуманитарна донаторска акција ,,Нахрани 10.000″

Трета година по ред дониравме прехрамбени производи наменети за најранливите категории на граѓани.

Април 2020

Донација на Авицена Лабораторија – 5000 бесплатни RT Rеаl-Time PCR лабораториски анализи за COVID-19

Како општествено-одговорна компанија, а во интерес на заштита на јавното здравје Авицена Лабораторија се вклучи со донација на 5.000 бесплатни RT Real Time-PCR лабораториски анализи за коронавирус (COVID-19), проект што се реализира во соработка со Министерството за здравство и Здравствениот дом Скопје.

Тестирањата се бесплатни за граѓаните што претходно се пријавуваат исклучиво преку матичниот лекар и системот „Мој термин“.

На 01.04.2020 год. беше ставен во функција првиот од низата пунктови за земање примероци во склоп на Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија (Млин Балкан). Сите примероци од овој пункт се анализирани во Авицена Лабораторија и целосно на трошок на Авицена Лабораторија, во услови што во целост ги исполнуваат сите светски норми и стандарди за овој тип тестирање.

Декември 2019

Донација на облека во соработка со ,,Проект Среќа”

Хуманитарна акција за донација на облека на социјално загрозени семејства.

Ноември 2019

Авицена Лабораторија со донација на „Првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца со помалку можности” – „Гитари Дирки и Свирки”

Проектот им овозможува на децата со помалку можности, да користaт бесплатни часови за уметност, фотографија, свирење и други вештини.

Номеври 2019

“ИГРИ БЕЗ МАСКА“ 2019 –  Меѓународен инклузивен драмски фестивал ( 6-то издание)

Во организација на Здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви“, од 27-29 Ноември 2019 г., ќе се одржи шестото издание на инклузивниот драмски фестивал, чија цел е активно вклучување на лицата со хендикеп во различни активности , меѓу кои и драмски дела и музичко-сценски настапи. Како спознор на овој настан,  Авицена Лабораторија се приклучува кон активностите и целта на ова здружение, а тоа е помош во јакнење на свеста на граѓаните за прифаќање на лицата со хендикеп во своето непосредно и секојдневно опкружување.

Октомври 2019

Авицена Лабораторија беше дел од најмасовната хуманитарна донаторска акција ,,Нахрани 10.000″

Авицена Лабораторија и оваа година беше дел од најмасовната хуманитарна донаторска акција „Нахрани 10.000“.  Тимот на Авицена Лабораторија се вклучи во оваа хумана иницијатива со донирање на прехранбени производи наменети за најранливите категории на граѓани.

Септември 2019

Соработка со Здружение за МС – Донација за одржување на национални денови на МС

Авицена лабораторија потпиша меморандум за соработка со Националното здружение за МС – национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Наша желба е да ги поддржиме и заедно да учествуваме во активностите за  подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, поврзана со навремена дијагностика и навремен и соодветен третман, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Август 2019

Донација на Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов –Сокол“ 2019

Јуни 2019

Соработка со Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“

Како дел од нашите активностите за помош во заедницата и и поддршка на категории на граѓани на кои им е потребна помош, Авицена Лабораторија потпиша Меморандум за соработка со Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“.

„Проект Среќа“ е фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење на сите деца, кои од различни причини се борат со различни проблеми во секојдневниот живот.

Соработката помеѓу Авицена Лабораторија и „Проект Среќа“ ќе овозможи достапност на неопходните лабораториски услуги, потребни за одржување на добра здравствена состојба и интервенција во вонредни здравствени случаи, за децата со статус социјален ризик.

Донација во проект „Прво бесплатно училиште за музика, уметност и вештини за деца со помалку можности” – „Гитари Дирки и Свирки

Мај 2019 

Донација на клупи за седење и канти за отпадоци во Тетово

Светскиот ден за заштита на животната средина, 5 јуни, има за цел да ја подигне свеста за заштита на средината во која живееме и да поттикне носење различни мерки за заштита.

Во насока на одбележување на овој ден, во соработка со Јавното Комунално Претпријатие на градот Тетово, Авицена Лабораторија донираше 60 канти за отпадоци и 30 клупи за седење, кои се поставија низ градот Тетово.

Правото на чиста и здрава животна средина е основно граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните.

Април 2019

Авицена Лабораторија со учество во големата еко акција за чистење на Општина Карпош

Во сабота (13.04.2019 година) Авицена Лабораторија учествуваше во најголемата досега еко акција за чистење на Оштина Карпош.

На оваа успешна еко акција во организација на Општина Карпош се приклучија повеќе општествено одговорни субјекти и имаше за цел подигање на свеста за околината и покрај тековната и секојднева грижа за јавната хигиена, затоа што секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина.

Април 2019

Авицена Лабораторија со хуманитарна акција – 100 бесплатни пакет крвни анализи

Авицена Лабораторија во соработка со „Лајонс“ клуб Карпош и Општина Карпош ја реализираше хуманитарната акција за 100 бесплатни пакет крвни анализи за социјално загрозените категории на граѓани и повозрасни, изнемоштени лица од Општина Карпош.

Оваа акција има за цел да обезбеди здравствена заштита и превенција на граѓаните кои се под социјален ризик.

Април 2019

Рекорден број на учеснички на Авицена Женска Трка 2019

Традиционално, на 31 март 2019 (недела) се одржа седмото издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 2019 – најголемата и најзабавната трка за жени во државата.

И оваа година имаше рекорден број на пријавени учеснички, над 2400, рушејќи го минатогодишниот рекорд и потрврдувајќи ја популарноста на трката која континуирано расте од година во година.

Март 2019

Авицена Лабораторија со учество на хуманитарната трка „Run For Down“

Со својот најмногуброен тим Авицена Лабораторија учествуваше и даде поддршка на хуманитарната трка „Run For Down“ организирана во чест на децата со Даунов Синдром.

Собраните средства се бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром.

Декември 2018

Авицена Лабораторија ја поддржа хуманата идеја Down4U за отворање на ресторанот Umbrella

ПЗУ Авицена Лабораторија финансиски ја поддржа хуманата идеја Down4U за отворање на ресторанот Umbrella, во кој се вработуваат лица со попреченост.

Декември 2018 

Авицена Лабораторија се приклучи на хуманитарната иницијатива „Биди и ти нечиј Дедо Мраз“

Авицена Лабораторија се приклучи на хуманитарната иницијатива „Биди и ти нечиј Дедо Мраз, бидејќи празниците се за секого“, организирана со цел да се исполнат дел од новогошните желби на децата од одделот за онкологија и хематологија на Клиниката за Детски Болести, како и да се обезбедат сите потребни играчки за одделот каде што одат на вежби децата со аутизам на Клиниката за Детски Болести во Скопје.

Декември 2018

Авицена Лабораторија спонзор на хуманитарниот настан „Чоколадна аукција – Чоколаден спектар“

Авицена Лабораторија беше спонзор на аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ .

Сите собрани средства од овој хуманитарен настан беа донирани за стартување на првиот во регионот Центар за аутизам во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија.

Септември 2018

Авицена Лабораторија дел од најмасовната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“

Авицена Лабораторија во соработка со иницијативата „Мрдни со прст“ беше дел од најмасовниот донаторски хепенинг под мотото „Нахрани 10.000“. Тимот на Авицена Лабораторија се вклучи во оваа хумана иницијатива со донирање на прехрамбени производи наменети за најранливите категории на граѓани.