Остеопороза

Oстеопорозата, како што кажува и самото име, е системско заболување, која ја менува микроархитектурата на коските и ги прави истите меки и кршливи, така да многу мал стрес, како дигање лесен товар, наведнување, лесен пад, па дури и кашлање, може да доведе до сериозни скршеници. Најчест резултат на остеопорозата се скршениците, и тоа на рбетниот столб, колкот или рачниот зглоб. Тоа се сериозни скршеници, кои најчесто бараат оперативен третман, престој во болница со можност за настанување на други компликации, и секако, намалување на квалитетот на живеење.

Иако се смета за „женска болест„ остеопорозата е се поприсутна и кај мажите.

НИКОГАШ НЕ ПРЕДОЦНА ИЛИ ПРЕРАНО, ДА СЕ НАПРАВИ НЕШТО ВО ВРСКА СО ОСТЕОПОРОЗАТА!

Секој од нас може да превземе неколку важни мерки за да има цврсти и здрави коски.

Како и кај многу други заболувања, РАНАТА ДЕТЕКЦИЈА НА ОСТЕОПОРОЗАТА Е НАЈВАЖНА!

Мерењето на коскената густина се прави со употреба на рентген зраци, со таканаречената DEXA метода (Мерење на коскена минерална густина – КМД). Освен тоа, кај сите пациенти со остеопороза се препорачува да се направат, како рутински лабораториски анализи и маркери на коскен метаболизам. Употребени заедно со стандардните антропометриски мерења, коскените маркери се едни од најновите современи лабораториски алатки за менаџирање на остеопорозата. Овие коскени маркери обезбедуваат брз увид во статусот на коската, со проценка на тековниот процес на коскениот метаболизам.

Коскените маркери, како основно надополнување на тестовите за одредување на Коскениот Минерален Дензитет (КМД), обезбедуваат подобар увид во ризикот и одговорот од терапијата, одошто КМД сам за себе.

Маркери на коскен метаболизам

IMMULITE OSTEOCALCIN

IMMULITE CALCITONIN

IMMULITE PYRILINKS D

IMMULITE iPTH

Зошто маркери на коскен метаболизам?

1. Мониторинг на ефектите од терапија-веќе по 3 месеци (најдобар маркер за бисфосфонати-Pyrilinks D)

2. Прогноза на одговорот на терапија

3. Прогноза на ризик од фрактури

4. Прогноза на губиток на коскена маса

5. Селекција на пациентите за терапија

6. Прогноза на создавање на коскена маса

Коскените маркери се важни показатели на метаболната состојба на коските, во процесот на коскено ремоделирање. Соочени со постменопаузата, за многу жени остеопорозата е најсериозна физиолошка последица на менопаузата, затоа што неретко, остеопоротичните фрактури резултираат со морбидитет и смрт.

Наша надеж е дека со правилната употреба на коскените маркери во клиничката лабораториска пракса, заедно со терапевтските предности и појасната претстава за хормоналните и биохемиските мeханизми на коскениот метаболизам, ќе ја доведе оваа уништувачка болест под контрола.