PNEUMOSLIDE- типично решение за атипични патогени

PNEUMOSLIDE тест за истовремено откривање на 9 видови бактерии и вируси, причинители на најчестите инфекции на дишните патишта кои не се откриваат со класични методи

 

ЗОШТО PNEUMOSLIDE?

1.       Точно и брзо откривање на причинители на невообичаени инфекции

2.       Можност за најсоодветно лекување

3.       Се скратува времетраењето на болеста

4.       Без ризик од резистенција кон дадените лекови

5.       Штеди време и средства

6.       Спречува развој на компликации

7.       Идентификација на 9 респираторни атипични патогени одеднаш

8.       Со само еден тест, резултати истиот ден

 

ШТО Е PNEUMOSLIDE?

 

Индиректен имунофуоресцентен тест кој овозможува детекција на IgG и IgM антитела од серум на пациент, за 9 поединечни атипични патогени одеднаш.

-          Mycoplasma pneumoniae

-          Legionella pneumophila

-          Chlamydia Pneumoniae

-          Coxiella burnetii

-          Adenovirus

-          Respiratoren Sinicijalen Virus

-          Influenza A

-          Influenza B

-          Parainfluenza (serotipovi 1,2,3)

Запомнете! Голем број од респираторните инфекции се предизвикани од горенаведените атипични патогени и истите се виновни за исклучително висок морбидитет и морталитет.

 

КОГА PNEUMOSLIDE?

 

Индициран е кај сите респираторни инфекции!

 

        Најголем број од респираторните инфекции се етиолошки недокажани

        Многу често се вклучени повеќе патогени

        Уште почесто се среќава мешана инфекција

 

Особенo кај:

     Пролонгирани и повторувачки респираторни инфекции

     ХОББ (хронична Опструктивна Белодробна Болест)

     Мали деца

     Стари луѓе

     Кардиопулмонални, хронични неподвижни болни

     Луѓе со компромитиран имун систем

     Екстрапулмонални манифестации