Полово преносливи болести

Постојат повеќе од 30 различни бактерии (Chlamidia trachomatis, Ureaplasma urealiticum, Micoplasma hominis), вируси (HPV, HSV, HIV, hepatitis B и C) и паразити ( Sarcoptes scabiei, Phthirius pubis ) кои се пренесуват со полов контакт. Полово преносливите болести се значајни и поради тоа што се многу чести и застапени и поради можните последици кои ги предизвикуваат (неплодност, вонматерна бременост, негативно влијание врз бременоста, болест или смрт на плодот).

Human papillomavirus (HPV)

Денес се познати повеќе од 150 типови на HPV, а околу 40 од нив предизвикуваат промени на гениталните органи. Најчесто HPV инфекцијата се јавува спонтано како последица на имунолошкиот одговор на заразената особа (кај околу 90% од случаите после две години од инфицирањето). Гениталните инфекции предизвикани од HPV можат да се манифестираат на различни начини. Најчестите видливи промени се манифестираат како шилести или рамни кондиломи. Постојат и невидливи промени, кои може да се детектираат само со посебни техники на зголемување и боење. Тоа се таканаречените интраепителни неоплазии ( премалигна состојба ) на вратот, матката, вагината, вулвата, пенисот, скротумот и анусот. Овие промени најчесто се манифестираат без никакви симптоми. Перзистентната хронична нелечена HPV инфекција кај жените може да доведе до развој на рак на вратот на матката, вагината и вулвата, а кај мажите на пенисот.

Правилното дијагностицирање на HPV е од огромна важност и е пресудно за понатамошниот третман на пациентот. Во ПЗУ Авицена Лабораторија се работат најсовремени тестови со Multiplex real-time TOCE PCR технологија за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на HPV вирус (Human papillomavirus). Единствен квалитативен и семиквантитативен клинички докажан тест препорачан од СЗО. Со овој тип на тестирање се врши детекција и поединечна генoтипизација на следните типови на HPV:

 

› 19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(6, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

 

› 9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

 

Наведените генотипови на HPV се одговорни за над 97% случаи на цервикална дисплазија и цервикален канцер. Тестовите се со внатрешна контрола базирана на детекција на human β-globin генот, со што целосно се елиминира можноста за лажно негативни резултати. 

Тестовите се валидирани и CE сертифицирани, се работат со комплетно автоматизирани Real Time PCR инструменти и се одобрени за дијагностичка употреба.

Chlamidia trachomatis

Chlamidia trachomatis е најчестата полово пренослива бактерија. Се пренесува преку полов однос, за време на порaѓај од мајката на бебето, а може да се пренесе и преку очен секрет. Веројатноста за пренесување на инфекцијата после полов однос со инфицирана особа е 20-50%. Симптоми кои што може да се појават се слузно гноен вагинален секрет, отежнето мокрење, непријатен и болен полов однос, вагинално крварење, болка во долните делови на абдоенот, конјуктивитис. Ширејќи се од грлото на матката, бактеријата може да дојде до јајцеводите и да предизвика затворање на каналите што може да манифестира со ризична бременост или неплодност.

Цервикалниот брис кај жените и брис од уретрата кај мажите се темелите на дијагностиката.

Herpes simplex virus (HSV)

Постојат два типа на HSV вируси: HSV тип 1 и HSV тип 2. Причинител на гениталниот херпес е во 90% од случаите HSV тип 2 вирусот, кој е сроден вирус со HSV тип 1 вирусот, кој предизвикува, пред сè, херпес на усните (herpes labialis) или т.н. грозница на усните. Но, во 10% од случаите, HSV тип 1 вирусот е причинител на гениталниот херпес. По првото избивање на болеста (примарна ифекција со HSV вирусот), вирусот се сместува во нервните ганглии на долниот дел на `рбетниот столб, каде може да остане скриен повеќе месеци, па дури и повеќе години. Честа е појавата на рецидиви на болеста, односно повторно избивање на симптомите (секундарна инфекција со вирусот). Рецидивот може да биде провоциран од јак стрес, но и од други емоционални состојбии, од физички напор, од јак замор и долготрајна несоница, од менструација, изложеност на сонце, пропратна настинка, ослабен имунитет.

И двата типа на херпес вируси можат да предизвикаат кожни промени во пределот на вагината, на пенисот, во пределот околу аналниот отвор, на задницата и на бедрата. Понекогаш кожните промени се јавуваат и на други делови од телото, каде вирусот преку оштетената кожа продрел во телото. Сексуалното здравје е важен дел од човечкиот живот и како такво има големо влијание врз нашето здравје како целина. Светската Здравствена Организација го дефинираше сексуалното здравје како “спој на телесните, емоционалните, интелектуалните и социјалните аспекти кај сексуално активна личност, на начин на кој ја збогатува и истакнува индивидуалноста, духовноста, комуникацијата и љубовта“. Грижата за вашето здрaвје вклучува и грижа за сексуалното здравје.

Авицена Лабораторија ви нуди најсовремени, брзи и прецизни тестови за скрининг и детекција на сите полово преносливи болести.